| четврток, 6 декември 2018 |

„Сиромашниот“ Нејмар, му го конфискуваа авионот и веднаш си купи нов

nejmar avion

Нејмар јасно им стави до знаење на бразилските власти дека не чувствува преголем притисок поради истрагата што се води против него, а што се ближи до својот крај.

Бразилскиот голгетер и неговото семејство сигурно ќе треба да платат значителна сума на име затаен данок, а како дел од целиот процес против него му беа конфискувани и највредните предмети што ги поседува, пред се јахтата и приватниот авион.

Откако по консултациите со адвокатите му било кажано дека процесот на конфискување е завршен, Нејмар веднаш си купи нов авион. Како што јавуваат бразилските медиуми, членот на Барселона платил девет милиони долари за ова задоволство, а авионот прв пат бил искористен минатата седмица, откако Нејмар отпатувал за Лондон на забава со неколку премиерлигашки фудбалери, користејќи го слободниот ден што му бил даден од Луис Енрике.

Во меѓувреме, се погласни се шпекулациите дека овој фудбалер би можел летово да ја напушти Барселона, откако добил понуда од ПСЖ за плата од 20 милиони евра по сезона, плус бонуси.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top