| четврток, 6 декември 2018 |

Холандија порача 15 милиони таблети јод за заштита на населението од радијација

apcinjaХоландското министерство за здравство порача 15 милиони таблети јод за заштита на населението од радијација.

Одлуката е донесена кога во Холандија, во Германија и во Луксембург се водат полемики  за безбедноста на нуклеарните централи во соседна Белгија, каде вчера беше донесена одлука за делење на таблети јод за населението.

Таблетите јод превентивно ќе им бидат поделени на деца до 18 години и на бремени жени, кои живеат во реонот од 100 километири од нуклеарна централа. Досега луѓето на возраст до 40 години, кои живеат во зона од 20 километри околу нуклеарна централа таблети јод добивале на домашна адреса.

Таблетите биле делени во западна Холандија, каде се наоѓа холандската централа Борсела, како и во источниот и јужниот дел од земјата. во чија близина се германската нуклеарна централа Емсланд во Долна Саксонија и до двете белгиски централи – Дул и Тианж.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top