Британскиот актер Алекс Петифер ќе го глуми ликот на заводливиот Кристијан во екранизацијата на најпродаваниот еротски роман за минатата година „Педесет нијанси на сиво“.
Во конкуренција за улогата на филмот беа и познатите холивудски актери Роберт Патисон, Рајан Гослинг, како и актерите на хит-сериите „Стрела“ – Стефен Амел и Мет Бомер од „Бела јака“.
Дваесет и тригодишниот Алекс e најпознат по улогите во филмовите „Магичниот Мајк“, „Јас сум бројот четири“ и „Ѕверски“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.






