| четврток, 6 декември 2018 |

За продолжениот викенд, дежурни сите поликлиники во Скопје

doktori

Продолжениот празничен викенд скопските поликлиники 24 ­часа ќе им бидат достапни на граѓаните. Лекарска помош може да се добие во сите дежурните пунктови, информираа од Здравствен дом Скопје. Денеска пациентите најчесто се жалеле на настинки поради променливото време.

Службите на здравствен дом скопје 24 часа ќе им бидат достапни на пациентите продолжениот празничен викенд Продолжениот празничен викенд скопските поликлиники 24 ­часа ќе им бидат достапни на граѓаните. Лекарска помош може да се добие во сите дежурните пунктови, информираа од Здравствен дом Скопје. Денеска пациентите најчесто се жалеле на настинки поради променливото време. ­

Лекарите потенцираат деновиве да се внимава и со исхраната и со алкохолот ­ По постите да се внимава да не се јаде обилно мрсна храна зачинета со чаша или флаша алкохол. Доколку се претера со храната и алкохолот, лекарска помош 24 часа ќе може да се побара и во Службата за Брза помош и на Ало Докторе, а вообичаено дежурни екипи има и на скопските клиники и во ГОБ 8 септември и старата градска болница.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top