Популарната пејачка Тијана Дапчевиќ на својот фејсбук-профил објави прекрасна честитка за 15-годишнината од бракот, посветена на нејзиниот сопруг Милан.
– Мајка ми (долго пред да стане мајка) читала приказна на Ѓура Јакшиќ за Тијана која била заљубена во Милан. Поради таа Тијана, подоцна одлучила и јас да се викам така.
Две училишта, една академија и неколку ’љубови’ подоцна, го запознав Милан на местото на кое не ни знаев дека може да се најдам (кошаркарски натпревар), бидејќи не поднесувам спорт.
Оттогаш, ние двајца поминуваме сè.
И оттогаш сите мисли ми почнуваат во множина.
Среќна 15-годишнина, љубов моја – пишува Тијана.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.