| четврток, 6 декември 2018 |

Тијана и Марија „раскинаа“: Марија, стоко!

Тијана после некое време решила да си побара и песна, па напишала: "Ајде отпеј некоја македонска песна". И тогаш се случил проблемот

tijana marija serifovic

Тијана Дапчевиќ брутално ја извреѓала Марија Шерифовиќ, иако со години важеа за многу блиски пријателки. А се почнало како шега и за време на “лајвот” на Марија.

Имено, поранешната евровизиска победничка има обичај речиси секоја вечер преку Инстаграм да се вклучи “лајв” и да им исполнува музички желби на своите фанови. Во едно од своите вклучувања меѓу фановите се нашла и Тијана која за сето време и испраќала бакнежи и поздрави на колешката. После некое време решила да си побара и песна, па напишала: “Ајде отпеј некоја македонска песна”. И тогаш се случил проблемот. Марија ја искулирала, а Тијана побеснела па кусо и порачала: “Марија, стоко!”

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top