
На три кола пред крајот на сезоната, екипата на Арсенал се најде во мошне чудна ситуација: Арсен Венгер во составот нема ниеден повреден фудбалер и може да смета на сите за натпреварот против Норвич претстојниов викенд.
На францускиот стручњак не му се верува дека е можно вакво нешто ако се знае дека не само оваа сезона, туку последните години постојано се бори со вакви проблеми.
– Сите фудбалери се здрави и тренираат нормално. Ова е нешто ново за нас и ни се случува првпат оваа сезона – изјави Венгер.
Според Мирор, фудбалерите на Арсенал оваа сезона доживеале дури 40 различни повреди и досега немало ниеден натпревар на кој сите му биле на располагање на својот менаџер. Последни кои се наоѓаа на листата на повредени ба Џек Вилшир кој минатиот викенд против Сандерленд првпат се појави на теренот по пауза од 11 месеци, додека Санти Казорла кој беше во „аут” од ноември се очекува да се врати токму против Норвич. И Окслејд-Чембрлен се врати на тренинзите, но тој изгледа нема да игра против Норвич, туку Венгер ќе го чува за многу поважниот натпревар против Манчестер Сити на 8 мај.
Арсенал до минатиот месец се бореше за титулата во Премиер лигата, но сега во опасност му е доведено и четвртото место кое води во Лигата на
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


