| четврток, 6 декември 2018 |

Затоа важи за најголем професионалец меѓу фудбалерите, Роналдо со сите сили се обидува да биде фит в среда

kristijano ronaldo

Дополнителните лекарски прегледи кои беа направени во вторникот и средата покажаа дека повредата на Кристијано Роналдо не е така наивна како што се претпоставуваше на почетокот, ситуација која секако го вклучи алармот на „Сантијаго Бернабеу“ во пресрет на исклучително значајниот реванш полуфинален дуел со Манчестер Сити во Лигата на шампионите.

Португалската ѕвезда дефинитивно нема да настапи на утрешното гостување на „Аноета“ против Реал Сосиедад, но сега мадридските медиуми информираат дека Роналдо е на добар пат да биде подготвен против англискиот премиерлигаш поради неговата неверојатна посветеност и професионалност во оваа незгодна ситуација.

Кристијано пристигнувал рано наутро во Валдебебас со цел да ги направи потребните вежби за опоравување на мускулните влакна на задната ложа, напладне добивал третман од единствениот физиотерапев во кој има доверба во клубот, а навечер со приватен лекар ја завршувал процедурата од повеќе часовно жртвување и работа со цел да биде што е можно повеќе подготвен за реванш полуфиналето со „граѓаните“. Според предвидената програма и напорите кои ги вложува, предвидено е Роналдо да се врати на нормалните тренинзи со своите соиграчи во понеделник, по што се очекува да има позитивен одговор од задната ложа непосредно пред дуелот кој ќе се одигра на „Бернабеу“.

Ваквиот однос на Роналдо секако изненадил голем дел од младите фудбалери и новајлиите кои ги има во тимот, но секако не „староседелците“ и одговорните луѓе во Реал кој низ текот на годините во повеќе наврати се уверија дека Португалецот е еден од најголемите професионалци во светот на фудбалот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top