| четврток, 6 декември 2018 |

Милан од понеделник со нови сопственици, најбогатиот Кинез влегува во италијанскиот фудбал

berluskoni i galijani

Бура во Милан предизвика последната најава за и дефинитивната продажба на италијанскиот гигант која треба да се случи во понеделник. Група на кинески инвеститори, предводени од сопственикот на Алибаба групацијата Џек Ма, постигнале договор со конзорциумот Фининвест, по што на 2. мај на тајна локација би требало да биде потпишан прелиминарен договор за купопродажба.

Сопственикот на Милан, Силвио Берлускони пред неколку месеци бараше една милијарда евра, но веројатно ќе мора да се задоволи со 720 милиони евра. Според информациите, Кинезите до јуни би требало да комплетираат 70% од акциите на Милан, а во наредните неколку години и потполна сопственост, и ставање на крај на владеењето на Силвио Берлускони.

Гигантот од Милано е во голема криза во изминатите неколку години. „Росонерите“ последното Скудето го освоија во 2011 година. Сега се најавува дека околу 200 милиони евра ќе бидат вложени во ангажман на фудбалери во летниот преоден рок.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top