| четврток, 6 декември 2018 |

Викенд- кафе во ЕУ

Убавото време е пред нас, како и неколку празници. Идеално време за убав туристички викенд. Неделникот Република во 30тото издание, даде насоки како да стигне и помине викенд во некој од европските дестинации, а притоа да не се оптовари домашниот буџет

Кол­ку бр­гу се ме­ну­ва­ат на­ви­ки­те? Па­ту­ва­ња­та, осо­бе­но ту­ри­стич­ки­те, за Ма­ке­дон­ци­те беа ба­уч. Да, се па­ту­ва­ше, но пре­теж­но на по­долг го­ди­шен од­мор. До неодамна нај­че­ста фор­ма на кра­тко­трај­но плак­не­ње очи за Македонецот- турист бе­ше ви­кенд во Со­лун или Истанбул, че­сто по­вр­зан со кра­тка ту­ра за па­за­ре­ње.

Се по­ка­жа де­ка не се ра­бо­ти за не­ма­ње вол­ја. Ни­ско­бу­џет­ни­те ком­па­нии што се „на­ле­пи­ја“ на ТАВ, кон­це­си­о­не­рот на ма­ке­дон­ски­те ае­ро­дро­ми, ја сме­ни­ја сли­ка­та за ма­ке­дон­ски­от ту­рист. За изненадување, се­пак, ту­ри­стич­ки­те при­мор­ски ме­ста не се најоми­ле­ни за па­ту­ва­ње. Нив се­га ги за­ме­ни­ја гра­до­ви­те ка­ко Пра­га, Бу­дим­пе­шта, Ве­не­ци­ја, Ми­ла­но, но и по­да­леч­ни­те европ­ски гра­до­ви ка­де што е рас­пос­ла­на ма­ке­дон­ска­та ди­јас­по­ра; Хо­лан­ди­ја, Гер­ма­ни­ја, Швед­ска, жел­на да ги пре­че­ка сво­и­те бли­ски.

Новиот лик на аеродромот Александар Велики предизвика бум

Новиот лик на аеродромот Александар Велики предизвика бум

За це­ла­та про­ме­на беа бит­ни два фа­кто­ра. Нај­бит­на бе­ше по­вр­за­но­ста. Од ту­ри­стич­ки­те аген­ции ка­жу­ва­ат де­ка пред вле­зот на ни­ско­бу­џет­ни­те ком­па­нии, на при­мер, единс­тве­на ави­о­ли­ни­ја би­ла до Рим. Це­на­та на еден би­лет из­не­су­ва­ла, во про­сек, 300 евра. Се­га, со тие па­ри на ви­кенд во Ми­ла­но па­ту­ва це­ло че­ти­рич­ле­но се­мејс­тво.

Семејството За­фи­ров­ски од ла­ни во сеп­тем­ври до се­га на три­па­ти се про­ше­та­ла по европ­ски­те де­сти­на­ции.

– Кар­ти­те ги ре­зер­ви­ра­ме по­ра­но, пре­ку ин­тер­нет-стра­ни­ци­те на ави­о­ком­па­ни­ја. Ин­тер­не­тот мно­гу ја олес­ни ра­бо­та­та. Пр­во, сѐ е на ма­ке­дон­ски, вто­ро, ги сле­ди­ме пре­по­ра­ки­те за ба­га­жот за да не пла­ќа­ме до­пол­ни­тел­но. Бит­но е што е олес­не­то и ре­зер­ви­ра­ње­то за сме­сту­ва­ње.

Всуш­ност,  „Ре­пуб­ли­ка“ се оби­де да прес­ме­та, на при­мер, кол­ку би чи­нел еден про­дол­жен ви­кенд од пе­ток до по­не­дел­ник за по­се­та на Ве­не­ци­ја за обичен ви­кенд. Тре­ба да се зе­ме пред­вид де­ка це­на­та на би­ле­тот за­ви­си и од вре­ме­то на ре­зер­ви­ра­ње. Кол­ку што е да­ту­мот поб­ли­зок, тол­ку е и це­на­та по­ви­со­ка. Та­ка, би­ле­ти за двај­ца од пе­ток, 5 април, до по­не­дел­ник 8 април, вкуп­но из­не­су­ваа неполни 11.000 де­на­ри.

Сме­сту­ва­ње во Ве­не­ци­ја има од 10 евра, па на­го­ре. Со по­ја­док. Искуствата на нашите соговорници велат де­ка за при­стој­но сме­сту­ва­ње, со ма­ло­лет­ни де­ца, се пла­ќа по 15 евра по ноќ.

Венеција- омилена дестинација

Венеција- омилена дестинација

Сѐ дру­го при ту­ри­стич­ко­то разг­ле­ду­ва­ње е во за­вис­ност од жел­би­те и од мож­но­сти­те. По­стои и мож­ност за из­нај­му­ва­ње авто­мо­бил, што за разг­ле­ду­ва­ња на окол­ни­те ме­ста, ка­ко и фа­ктот де­ка е се­меј­но па­ту­ва­ње, не ги над­ми­ну­ва дра­стич­но тро­шо­ци­те до­кол­ку се ко­ри­сти ор­га­ни­зи­ра­ни­от ја­вен пре­воз.

МАЛ­КУ СТА­ТИ­СТИ­КА

Европ­ски­те ста­ти­сти­ча­ри прес­ме­таа де­ка со вле­зот на евти­ни­те ави­о­кар­ти во пр­ва­та по­ло­ви­на на 2012 го­ди­на бро­јот на пат­ни­ци од Ма­ке­до­ни­ја што ле­та­ле со ави­он се зго­ле­мил за 19 про­цен­ти, што е нај­го­лем скок од зем­ји­те што не се дел од ЕУ.

От­то­гаш до се­га бро­јот на ди­рект­ни де­сти­на­ции по­сто­ја­но рас­те. Спо­ред ста­ти­сти­ка­та за ми­на­та­та го­ди­на, за мал­ку ќе се ис­пол­не­ше по­са­ку­ва­ни­от број – еден ми­ли­он пат­ни­ци пре­ку ма­ке­дон­ски­те ае­ро­дро­ми. За тоа не­до­сти­га са­мо ед­на де­сет­ти­на од бро­јот.

Це­ли­от бум на­ста­на со суб­вен­ци­о­ни­ра­ње­то на ни­ско­бу­џет­ни­те ком­па­нии. Ме­ѓу нив е и „Ви­зер“, чиј што ди­ре­ктор де­но­ви­ве бе­ше во Ма­ке­до­ни­ја да ја прет­ста­ви но­ва­та ли­ни­ја Скоп­је – Ге­те­борг. Со неа, ком­па­ни­ја­та оче­ку­ва го­ди­на­ва да пре­не­се 350.000 пат­ни­ци пре­ку ае­ро­дро­мот „Але­ксан­дар Ве­ли­ки“ во Скоп­је, што прет­ста­ву­ва по­раст од 300 про­цен­ти во спо­ред­ба со ла­ни.

Освен со „Ви­зер“, од ла­ни од Ма­ке­до­ни­ја ле­та­ат и „Пе­га­сус“, „Флај Ду­баи“, „Ер Бер­лин“, што на­пра­ви до­пол­ни­те­лен при­ти­сок врз це­ни­те, но и за по­до­бри ави­о­вр­ски со Евро­па и со све­тот. За ин­те­ре­сот на гра­ѓа­ни­те збо­ру­ва и фа­ктот де­ка са­мо за еден ме­сец по­ве­ќе од 15.000 пат­ни­ци ги иско­ри­сти­ле ле­то­ви­те за Мал­ме, Дорт­мунд, Ајнд­хо­вен, Ба­зел, Ту­луз, Мин­хен и за Ми­ла­но.

ЗА ЕВТИ­НО­ТО ДА ОСТА­НЕ ЕВТИ­НО

Да се вра­ти­ме на па­ту­ва­ња­та. Се­ка­ко, нај­лес­но е да се ко­ри­стат ус­лу­ги­те на ту­ри­стич­ки­те аген­ции, но со мож­но­сти­те за ре­зер­ва­ци­ја на ави­о­би­лет и за ре­зер­ва­ци­ја на сме­сту­ва­ње пре­ку ин­тер­нет, тро­шо­ци­те мно­гу се по­ма­ли.

Евти­на­та ави­о­кар­та ќе оста­не евти­на ако се сле­дат пре­по­ра­ки­те, на при­мер за ба­га­жот. Се­кој пат­ник смее во ка­би­на да вне­се ра­чен ба­гаж, со опре­де­ле­ни ди­мен­зии. Тој ра­чен ба­гаж е до­во­лен во не­го да се ста­ват не­кол­ку „крп­чи­ња“ и средс­тва за лич­на хи­ги­е­на до­вол­ни за три-че­ти­ри де­на. Ако па­ту­ва­те двај­ца, во две ку­фер­чи­ња со ди­мен­зии не по­го­ле­ми од 42 на 32 на 25 сан­ти­ме­три мо­же да се спа­ку­ва­те за убав ту­ри­стич­ки пре­стој. Те­жи­на­та не се ме­ри, но, се­пак, би тре­ба­ло да мо­же­те са­ми да си го пре­не­се­те.

Во тој слу­чај тре­ба да се вни­ма­ва при ре­зер­ва­ци­ја­та на кар­та­та да се на­ве­де де­ка не­ма да се но­си ба­гаж, што пов­ле­ку­ва до­пол­ни­тел­ни средс­тва. До­кол­ку, пак, има­те по­го­лем ба­гаж, кој, се­пак, са­ка­те да го вне­се­те во ка­би­на ме­сто да го пу­шти­те со дру­ги­от ба­гаж, то­гаш и за тоа има опре­де­ле­ни стан­дар­ди, но и по­ма­ла доп­ла­та од око­лу 10 евра.

Раз­ли­ка ме­ѓу ти­по­ви­те ка­бин­ски ба­гаж

1. Ма­ла ка­бин­ска тор­ба: со ди­мен­зии до 42х32х25см мо­же да се вне­се во ави­о­нот бесп­лат­но. Таа мо­ра да се сме­сти под се­ди­ште­то пред вас.

2. Го­ле­ма ка­бин­ска тор­ба не пре­ми­ну­ва ди­мен­зи­ја од 56 x 45 x 25 см, мо­же да се вне­се во ави­о­нот со нап­ла­та на 600 де­на­ри. Таа мо­ра да се сме­сти во гор­ни­от ка­бин­ски ба­гаж­ник . Пат­ни­кот мо­ра да е во со­стој­ба сам и без по­мош од не­ко­го да ја ста­ви тор­ба­та во гор­ни­от ка­бин­ски ба­гаж­ник.

Што сѐ може да се внесе во авиокабина

  • пал­то или ќе­бе
  • мо­би­лен те­ле­фон
  • не­што за чи­та­ње на ле­тот
  • за де­ца под две го­ди­ни: хра­на, ко­лич­ка на скло­пу­ва­ње за де­те или ма­ла кош­ни­ца
  • чифт па­те­ри­ци за ли­ца со фи­зич­ка ин­ва­лид­ност
Носете само тоа што ви е потребно

Носете само тоа што ви е потребно

Се­ка­ко де­ка пре­сто­јот на кра­тки­те ту­ри­стич­ки по­се­ти мо­же да би­де скап до­кол­ку са­ка­те лу­ксуз. Но, по­ве­ќе­то не­ма­ат по­тре­ба од са­у­ни и ма­са­жи, ка­ко ни­ту пре­стој со вклу­че­ни три обро­ка. Во тој слу­чај, спи­е­ње со по­ја­док мо­же да се нај­де и за 10 евра по ноќ.

Се­ка­ко де­ка искус­тва­та на тие што па­ту­ва­ле се ко­рис­ни. Пред ка­де би­ло ту­ри­стич­ки да от­па­ту­ва­те, тре­ба да се ин­фор­ми­ра­те на­вре­ме за це­ни­те во ре­сто­ра­ни­те, за це­ни­те на ло­кал­ни­от ја­вен пре­воз, за би­ле­ти­те на ме­ста­та што би са­ка­ле да ги по­се­ти­те, но и за евен­ту­ал­ни­те по­пу­сти што би мо­же­ле да ги до­би­е­те. На при­мер, со сту­дент­ска или со член­ска кар­тич­ка на дру­га асо­ци­ја­ци­ја би мо­же­ле да до­би­е­те и до 50 про­цен­ти по­е­вти­ни влез­ни­ци.

Исто та­ка, тре­ба да се вни­ма­ва и да се до­би­јат ин­фор­ма­ции за ко­ри­сте­ње­то на кре­дит­ни­те кар­тич­ки или за су­ма­та на го­то­ви­на што са­ка­те или сме­е­те да ја по­не­се­те. За тоа нај­до­бро е да се ин­фор­ми­ра­те во бан­ка­та, чи­ја­што сме­тка ја ко­ри­сти­те.

Но, до­бро, не мо­ра се­ко­гаш сѐ да би­де пред­вре­ме ор­га­ни­зи­ра­но. Аван­ту­ри­стич­ки­от дух, се­ка­ко, ќе соз­да­де по­до­бри при­каз­ни по вра­ќа­ње­то. До след­но­то па­ту­ва­ње.

Пишува: Наум Стоилковски
(Текстот е објавен во неделникот „Република“ бр. 30)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top