| четврток, 6 декември 2018 |

Денеска е Велики Четврток – што треба да направите за гревовите да ви бидат простени

Православните верници денеска го празнуваат Велики Четврток. На два дена пред Велигден, на различни места се почитуваат различни обичаи.
На Велики четврток е востановена Светата тајна причеста поради што се верува дека и на најголемите грешници кои ќе се причестат на овој ден ќе им бидат простени гревовите.
Жените на овој ден во некои места палат свеќи и на дрвени даски ги пуштаат низ река во чест на душата на мртвите.
Денот треба комплетно да му се посвети на Бога. Не е дозволено да се работи ништо. На некои места се верува дека на Велики Четврток треба да се посадат лубеници, бидејќи така тие ќе израснат поголеми. Селаните на овој ден работат ситни работи поврзани со стоката за таа да биде здрава, да се множи и да дава повеќе млеко.
Пред да изгрее сонцето, домаќинките ги вапцаат првите велигденски јајца. Првото се чува преку цела година за бериќет во куќата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top