Дека приврзаниците на опозицијата повеќе преферираат одмор, покажува и искуството од минатата година. Групата демонстранти, која со шатори кампуваше пред Владата, се собра токму кога дојде време за летните одмори, пишува ТЕЛЕГРАФ.МК.
Граѓанската иницијатива „Протестирам“, која е главен организатор на протестите на скопските улици, ќе паузира со демонстрациите. Иако првите луѓе сѐ уште се немаат изјаснето за плановите, на социјалните мрежи се коментира дека е време за одмор и дека „револуцијата“ ќе оди во Грција.
Со тоа падна во вода нивниот слоган „Секој ден во шест“, со кој ги повикуваа луѓето да протестираат и да кршат споменици и министерства.
Според најавите, најголем дел од нив за велигденските и првомајските празници ќе се упатат во Грција и тоа во некои од најлуксузните хотели на Халкидики. Аранжманите за одмор кај јужниот сосед се веќе распродадени уште пред неколку недели.
Дека приврзаниците на опозицијата повеќе преферираат одмор, покажува и искуството од минатата година. Групата демонстранти, која со шатори кампуваше пред Владата, се собра токму кога дојде време за летните одмори.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.