| четврток, 6 декември 2018 |

Преслабата Анџелина Џоли крие тајна- Бред Пит ја откри вистината и допре до милиони срца

 bred

Бред Пит, сопруг на актерката Анџелина Џоли, после шпекулациите дека се разведува заради неверство, фотографиите на кои актерката е како костур, нагаѓањата дека боледува од неизлечлива болест, реши да ја раскаже својата приказна која допре до милиони луѓе.

-Мојата жена се разболе. Постојано беше нервозна поради проблемите на работа, во приватниот живот, со децата. Изгуби многу килограми. Многу плачеше. Ја болеше глава, срцето, кичмата, градите. Не спиеше и брзо се уморуваше. Нашиот брак беше на ивица на распад. Од нејзината убавина остана само сенка. Имаше подочници, престана да се грижи за себе. Мислев дека ќе се разведеме. И тогаш решив да направам нешто. На крајот на краиштата, покрај мене беше најубавата жена на светот. Беше идол за убавина, а јас бев тој кој можеше да ја прегрне и да биде со неа.

Почнав да ја опсипувам со цвеќе, бакнежи, комплименти. И угодував во се. И успеа. Таа процвета. Ме сакаше повеќе од било кога. И тогаш сватив- жената е одраз на секој маж. Ако ја сакате до лудило, таа тоа и ќе стане- љубов-рекол Бред.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top