| четврток, 6 декември 2018 |

Намирници што не треба да се чуваат во фрижидер

Мед

Чувајте го добро затворен на суво место. Оптималната температура за мед е меѓу 17 и 19 Целзиусови степени, но нема да се расипе ако е на повисока или пониска температура од препорачаната. Добриот мед со текот на времето ќе се кристализира, а фрижидерот го забрзува тој процес.

Кафе

Често може да слушнете совет дека кафето може да се чува во фрижидер, но, ако сакате да има добар вкус, чувајте го на собна температура на суво и темно место. Големата количина влага во фрижидерот не му одговара на кафето.

Леб

Многумина мислат дека ако го чуваат лебот во фрижидер ќе ја сочуваат неговата свежина, но тоа е голема грешка, бидејќи на ниска температура лебот го губи вкусот и станува „бајат“.

Тропско овошје

Банани, авокадо, ананас, киви, папаја, манго…на тропското овошје не му одоговараат ниските температурари, бидејќи природно тоа расте на високи температури. Затоа треба да се чува на собна температура бидејќи таа му овозможува да дозрее.

Диња и лубеница

Ако ги чувате во фрижидер ќе влијаете на нивниот вкус и ќе ги уништите вредните антиоксиданси кои се наоѓаат во нив.

Лук и кромид

Овие две намирници не сакаат фрижидер бидејќи поради високата влага стануваат меки и гумени. Подобро е да се на суво и темно место.

Пиперка и домат

Овие две намирници се омилени за во салата. За нив е идеална собната температура.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top