| четврток, 6 декември 2018 |

Ако се гледа по традицијата, Реал Мадрид ќе игра во финалето на ЛШ

Првиот натпревар од полуфиналето во Лигата на шампионите меѓу Манчестер Сити и Реал Мадрид заврши со најнепопуларниот резултат во фудбалот 0-0.
Ако се гледа по традицијата која ја имаат „кралевите“ тогаш тие ќе играат во големото финале во Милано оваа сезона.

Дури седум од вкупно осум случаи “кралскиот клуб” поминувал понатаму кога првиот меч на гостински терен завршувал без голови. Единствениот пораз го претрпел во сезоната 1990/91 кога во реваншот против Спартак Москва загубил со 1-3.

Последниот случај со ваков резултат е од минатата сезона. Тогаш Реал се сретна со Атлетико во четвртфиналето, на “Висенте Калдерон” беше 0-0, но во реваншот со голот на Чичарито, “кралевите” славеа и се пласираа меѓу четирите најдобри. Жртви на сличен начин биле: Спартак Москва во 1981 година во Купот на Европските шампиони, ПСВ во 1971 година во Купот на победниците на куповите, Хибернијанс истата сезона, Динамо Киев во 1973 година во КЕШ, Баја Маре во 1983 во КПК, и Винер Спортс во 1958 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top