Шпанските весници на големо пишуваат за нов мега-трансфер во фудбалот од оваа земја. Бразилскиот ас Нејмар се поврзува со преселба во редовите на најлуитиот ривал, веќе ова лето.
Иако пред два дена излегоа информации дека Нејмар побарал од татко му да престане да прима понуди за него бидејќи планира да остане во Барселона, каталонскиот весник Спорт денеска тврди дека токму постариот Нејмар два пати досега тајно се сретнал со претседателот на Реал, Флорентино Перез. Тој одамна изјави дека е незадоволен од односот на медиумите кон својот син и изрази сигурност дека ако тој играл за Реал Мадрид, Нејмар сигурно немало постојано да биде тема на шпекулации за затаен данок.
Освен тоа, Нејмар во Барселона заработува скромни 100 илјади евра неделно што е помалку дури и од фудбалери во ниските лиги во Англија. Раководството на “каталонците” не е многу расположено за зголемувањето на неговите приходи бидејќи Нејмар добива пари од други основи.
Сето ова го зголемил револтот кај Нејмар кој последните два месеци е непрепознатлив, игра во очајна форма и се посериозно се шпекулира дека ќе ја напушти Барселона. Неговата откупна клаузула изнесува 190 милиони евра.
Дали Нејмар ќе биде новиот најомразен фудбалер кај навивачите на Барселона по случајот на Луис Фиго, останува да видиме.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.