Доколку треба да купувате или изнајмите стан, фенг шуи нуди совети и одредени
насоки за да се направи најдобриот избор.
Енергијата на зградата, според фенг шуи, влијае на енергијата на становите кои се
наоѓаат во неа. Затоа доколку е можно, треба да се избере стан во зграда со чист и
добро осветлен влез, која се наоѓа во мирно, пријателско опкружување.
Според фенг шуи, подобро е кога станот се наоѓа на повисокиот кат – колку помалку
станови има над станот, толку е полесна енергијата во него. Исто така, во повисокиот
стан има повеќе природно светло, подобар поглед и чи енергија која влегува во него.
Според фенг шуи, треба да се избегнуваат станови кои гледаат диретно кон лифтот
или скалите. Одберете стан кој е оддалечен од забрзаната енергија која доаѓа од
лифтот и скалите.
При изборот на станот проверете дали можеби при влегувањето веднаш наидувате на
ѕид или на кујната. Проверете дали во станот има бавен проток на чи, или пак дали тој може да се
овозможи со соодветен распоред на мебелот или други елементи при уредувањето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.