| четврток, 6 декември 2018 |

Нојер: Ќе сториме се за да се пласираме во финалето

Баерн Минхен со п0раз од 1-0 се враќа дома и за шест дена ќе го пречека Атлетико Мадрид во реваншот од полуфиналето во Лигата на шампионите. Саул Нигез беше човекот што вечерва на „Висенте Калдерон“ ја надмудри одбраната на германскиот првак. Нојер беше совладан и признава дека играчот на Атлетико Мадрид упатил одличен удар.

– Загубивме, но, сепак, имаме резултат што ни дава реални шанси да се пласираме во финалето. Сега ќе следи дуелот во Минхен. Примивме погодок во раната фаза од мечот, а потоа бевме подобар ривал. Премногу му дозволивме на Саул во 11.минута, дојде доволно блиску за да се обиде да погоди, и тоа го направи навистина добро. Во второто полувреме имавме неколку шанси за израмнување, но, за жал, не успеавме да ги реализираме. Сепак, имаме уште еден меч на домашен терен и ќе сториме се за да одиме во финалето – изјави голманот на Баерн Минхен, Мануел Нојер, по првиот полуфинален натпревар во Лигата на шампионите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top