| четврток, 6 декември 2018 |

Што прави денес жената која станала симбол на бриселската трагедија

Стјуардесата која станала симбол на бриселската трагедија и терористичките напади, кои во март оваа година го шокираа светот, по еден месец се разбудила од кома. 42-годишната Ниди Чапхекар, шокираната жена со загубен поглед, прекриена со прав и со крв, чијашто фотографија по терористичките напади во Брисел го обиколи светот, стана симбол на бриселската трагедија.

nidi-chaphekar-simbol-napadi-brisel-01

За разлика од другите 20-ина лица, таа ја преживеа експлозијата на аеродромот „Завентем“, но дури сега, еден месец по нападот, се разбуди од кома. Петнаесет проценти од телото ѝ се изгорени, има скршено стапало, а во индуцирана кома поминала 25 дена.

nidi-chaphekar-simbol-napadi-brisel-02

-Ги отвори очите, ме погледна и се насмеа. Ѝ реков дека сега сè ќе биде во ред. Разговараше и со нашите деца – рекол нејзиниот сопруг Рупеш Чапхекар, додавајќи дека Ниди минала неколку операции, и дека не се знае колку ќе потрае нејзиното лекување.

nidi-chaphekar-simbol-napadi-brisel-04

Ниди е од Мумбај, а работи како стјуардеса во „Џет ервејс“. Тој кобен ден кога бомбашите самоубијци на ИСИС го нападнале аеродромот „Завентем“ одела на работа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top