Скоро десет години откако протече снимката од секс на Ким Кардашијан, која ја катапултираше меѓу ѕвездите, на нејзиното семејство му се заканува уште еден таков скандал.
Како што пренесуваат медиумите, секс-снимката на Крис Џенер и нејзиниот поранешен сопруг, покојниот Роберт Кардашијан, наскоро ќе биде објавен, тврди Иан Халперин, автор на биографијата за славното реално семејство.
Според него германските и кинеските медиуми нудат седмоцифрени суми на пари и додава дека тоа го дознал од својата пријателка, Џеки Колинс, пред нејзината смрт.
-Џеки беше огорчена поради успехот на Кардашијан и смета дека тие никогаш не би станале познати, да не беше снимката со секс на Ким. Тврдеше дека таквите снимки се вообичаена практика во семејството- рекол тој, додавајќи дека снимката не може да биде објавена во Америка, поради законските ограничувања, но дека за снимката стара 20 години постои големо интересирање во Германија и во Кина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.