Таа има само 32 години, се збогати со револуционерниот метод за анализа на крвта и ја сметаа за новиот Бил Гејтс или Стив Џобс. А, сега, сè се распаѓа.
Елизабет Холмс во 2003 година на возраст од само 19 години беше чудо од дете, претставувајќи му на својот ментор на Универзитетот Стенфорд револуционерен метод за анализа на крвта. Станува збор за испитување на крвта од само една капка крв од врвот на прстот, а после некое време таа ја основаше фирмата „Теранос“ која за кратко време досегна вредност од 9 милијарди долари, а таа самата со 3.6 милијарди долари стана најмладата милијардерка на светот која изгради сопствена бизнис империја.
Меѓутоа, сега се отвори вистинска бездна под нејзината компанија, откако агенцијата за надзор на берзовно работење во САД, FDA и Medicare започнаа истрага со која испитуваат колку нејзиното работење е законско, бидејќи се покажало дека на подготовките на тестот “Edison” работеле неквалификувани личности, како и дека тестот воопшто не е толку доверлив колку што се сметало и како што тоа го претставувала Холмс.
Како што стојат сега работите, истрагите би можеле да бидат смртна пресуда за нејзината компанија, а таа самата изјавува дека е длабоко потресена од развојот на ситуацијата, дека не ѝ е јасно како сето тоа порано не се започнало ако веќе постојат некои сомнежи и дека ги прекинала сите тестирања и започнува сосема нови. Меѓутоа, ова сепак не е првиот глас кој вели дека нешто не е во ред со нејзиниот хит во областа на здравството.
Извесен професор по медицина од Стенфорд, Џон Ионидис, во научното списание уште во февруари минатата година објавил дека успехот на „Tеранос“ е плод исклучиво на агресивната ПР тактика. Никој тогаш не ги сфаќал многу сериозно неговите зборови, бидејќи во тоа време Елизабет Холмс беше вистински хит.
Веќе во 2014 година имала 18 патенти во САД, 66 надвор од САД и беше ко-потпишана на уште стотици други патенти. Таа година Форбс ја смести на 110. место на својата листа на 400 најбогати и таа година нејзиниот имот беше проценет на дури 4.7 милијарди долари.
Освен тоа, нејзината биографија изгледаше онака како што медиумите можат само да посакаат за една добра, драматична приказна. Нејзиниот ментор, професорот Ченинг Робертсон ја опишувал како новиот Бил Гејтс или Стив Џобс.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.