| четврток, 6 декември 2018 |

Доктори-херои ја избркале Златна зора од болница

zlatna zoraВработени во општа болница во Пиреја, Грција, успеале да ги избркаат членовите на Златна зора, кои сакале да влезат во болницата за да бараат пациенти-имигранти.

– Група од 25 фашисти со кошули со темна боја со знакот на Златна зора упаднаа во болницата и пред да бидат забележани, се фотографирале на влезот и во гинеколошка клиника – соопштиле лекарите.

Според соопштението, по координираната реакција од страна на болничката заедница и вербалните, напади од страна на персоналот и на граѓаните што се собрале во дворот, додека администрацијата викала полиција, насилниците биле принудени да си заминат.

– Болницата „Никеја“ е болница и област за толеранција и грижа за сиромашните, бегалците и за имигрантите. Таква била отсекогаш и таква ќе остане – истакнаа лекарите од оваа болница и ги повикаа сите здравствени работници, роднините на пациентите и локалните жители да учествуваат на антифашистичкиот протест, кој го организираат в сабота во областа Периволаки.

Златна зора и порано правела „рации“ во болници каде што проверувала медицински сестри и пациенти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top