Актуелната политичка состојба, наметнатата криза, како и интеграциските процеси важни за државата, денеска беа тема на разговор на средбата помеѓу Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и известителите на Комисијата за почитување на обврските и заложбите на земјите членки на Советот на Европа,информираат од партијата.
Груевски го афирмираше својот став за крај на политичката криза, посочувајќи дека изборите на 5 јуни се неопходни за нејзино надминување, преку еден демократски процес каде граѓаните согласно нивната волја ќе одлучат за иднината на државата.
Груевски посочи и дека приоритет на ВМРО-ДПМНЕ е тие да бидат фер и демократски, за што институциите задолжени за процесот и нивно организирање ја имаат потполната поддршка. Тој подвлече дека изборите се и тест за демократскиот капацитет на партиите и подготвеноста да се соочат со волјата на граѓаните. Тој истакна дека е потребен крај на кризата и тоа го сакаат и очекуваат граѓаните, како и враќање на рефорсмките процеси и продолжување на реализација на проектите кој се од нивен интерес, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Во поглед на интеграциските процеси Груевски истакна дека стратешки интерес на Република Македонија е членството во Европската Унија при што реализацијата на реформите кои ќе придонесат за унапредување на различните сфери од општественото живеење се во фокусот на ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.