| четврток, 6 декември 2018 |

Сакхо призна дека се допингувал, нема да даде Б-примерок

mamadu sakho

Мамду Сакхо ја призна вината за позитивниот допинг тест по дуелот со Манчестер јунајтед откако дефанзивецот на Ливерпул реши да не го искористи правото да го исчисти своето име давајќи Б примерок од крв и урина. УЕФА им овозможува на фудбалерите кои сметаат дека резултатите од првите тестови се погрешни да направат и Б тест, со што би ја докажале својата невиност. Сакхо имаше можност да даде Б примерок до денеска, но Французинот веќе ја известил европската куќа на фудбалот дека нема да го искористи тоа право.

Како што јавува „Скај спортс“, францускиот интернационалец со тоа ја прифаќа вината, но планира да наведе неколку олеснителни околности кои би требало да влијаат да добие нешто поблага казна.

УЕФА се уште нема покренато официјална постапка против Сакхо и истото ќе го стори во следните 48 часа, а се најавува дека фудбалерот на Ливерпул ќе паузира најмалку една година од терените.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top