Најуспешниoт хрватски спортист на сите времиња, четирикратната олимписка шампионка, Јаница Костелиќ, треба да стане помошник-министер во Министерството за наука, образование и спорт.
Од формирањето на новата Влада, местото за помошник за спорт беше слободно, а медиумите споменуваа неколку имиња на истакнати спортисти, меѓу кои и носители на олимписки медали во кошарка и ватерполо, но никој не го спомна името на Костелиќ.
– Прифатив, бидејќи по спортска кариера, сакам и на друг начин да придонесам за спортот во Хрватска, особено во делот на младите. Овој ангажман не е спортски терен, каде што се чувствувам како дома, но јас многу сакам предизвици. Се надевам дека ќе успееме, заедно со колегите, да им го приближиме спортот на сите, а особено на помладите генерации. Се надевам дека ќе имаме широка поддршка и дека ќе добијам шанса некако да им вратам на спортот и на Хрватска за тоа што спортот и Хрватска имаат дадено или направиле за мене – изјави Јаница.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.