| четврток, 6 декември 2018 |

Микел Хансен на три гола од рекордот во Лигата на шампионите

Еден од најдобрите светски ракометни бекови, Данецот Микел Хансен се преопороди оваа сезона во дресот на ПСЖ. Тој и неговиот клуб се најсериозни кандидати за освојување на титулата во Лигата на шампионите оваа сезона. Потврда за тоа доаѓа и од голгетерската форма на Хансен кој досега има постигнато 116 гола во ЛШ и му недостасуваат само три за да се израмни со рекордот на Филип Јиха од пред шест години.

До крајот на натпреварувањето Хансен може да одигра максимум уште три меча. Втор по број на голови во една сезона е Уве Геншајмер со 118 гола постигнати пред пет сезони.

На листата на стрелци зад Хансен оваа сезона е македонскиот капитен Кире Лазаров со 104 постигнати гола.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top