| четврток, 6 декември 2018 |

Реставрацијата на Биг Бен ќе чини 42 милиони долари

Британците најавија дека камбаните на лондонскиот Биг Бен ќе „замолчат“ на неколку месеци поради, како што е планирано, тригодишната рестраврација на дотраената кула.

Најавените поправки се први по повеќе децении запуштениот Биг Бен, а ќе чини 42 милиони долари.

Работите вклучуваат запирање на водата која протекува и отстранување на влагата која ја уништува 160 години старата конструкција.

Огромниот часовник ќе биде запрен четири месеци, а големата камбана нема да се огласи во текот на целата втора фаза од работите.

Почетокот на работата е планиран за јануари следната година со ветување дека познатата камбана ќе се слушне во новогодишната ноќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top