Мајсторката која решаваше за последниот патник на фајнал-форот во кошаркарската Евролига им припадна на кошаркарите на Локомотив Кубан кои успеаја да се вратат од негативата од 1-2 во победи и со два врзани триумфа меѓу кои и последниот во серијата вечерва на домашен терен да ја елиминираат Барселона.
Локомотив Кубан беше подобар од Барселона со 81-67 (26-21, 24-18, 8-23, 23-5) и си обезбеди свој дебитански пласман меѓу најдобрите четири екипи во Европа. Со третата победа во меѓусебни дуели, Кубан обезбеди историски пласман во полуфиналето на Евролигата во исто време скратувајќи и ја шансата на Барселона да се бори за осма круна во Европа втора година по ред.
Екипата која овогодинешното учество во најелитното клупско натпреварување на Стариот континент го доби преку валјд-карта го отвори резултатот само 20 секунди од почетокот, а потоа поврзаа две серии за водство од 10-2 односно 17-10. Абрињес ги презема работите во свои раце, па со шутеви од далечина ја намали негативата за Барселона на 26-21. Одличната игра на домаќинот продолжи и во вториот период кој го доби со 24-18, а имаше и двоцифрено водство од 47-36.
Паузата одлично им послужи на кошаркарите од гостинскиот состав за одмор со која го присилија домаќинот да постигне само осум поени. Катастрофалната игра и без комуникација помеѓу играчите резултираше со пресврт до кој Барселона стигна преку Томиќ кој изедначи (57-57) и Наваро кој ги постигна првите поени за предност на гостинскиот клуб. Кога беше потребна стабилна игра на паркетот, гостите потфрлија. Перпероглу не успеа да реализира клучни шутеви додека Доелман беше непрецизен од линијата за слободни фрлања. Во меѓувреме домаќинот ги искористи грешките на противникот за нов пресврт (73-64). Џенинг ја казни деконцентрацијата на кошаркарите на Барселона, а ниту советите на тренерот Пасквал на двата тајмаути кои ги повика кон крајот на последниот период не им помогна на „каталонците“. Резултатот на 81-67 го запечати Делејни со поени зад линијата за три.
Делејни беше најфикасниот поединец за домаќинот постигнувајќи 17 поени додека Синглтон постигнаа по 16. Во противничкиот табор најефикасни беа Перпероглу со 13 односно Наваро со 12 поени.
Со завршување на ова четвртфинале се комплетираа и полифиналните двојки на фајнал-форот кој се игра во Берлин.
Двете најдобри екипи во досегашниот дел од сезоната Фенербахче и ЦСКА Москва ќе се сретнат во големото финале доколку ги победат своите противници, Лаборал Куча односно Локомотив Кубан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.