
Државјанин на северниот сосед купил автомобил во Италија на кој му го сменил бројо ан шасијата и така се обидел да влезе во Македонија, но бил откриен.
СВР Куманово поднело кривична пријава против српскиот државјанин Д.Р.(42) за кривични дела фалсификување исправа и употреба на исправа со невистинита содржина.
На 21 овој месец на ПС за ГК „Табановце“ на влез во Р Македонија, на пасошка контрола се јавил пријавениот со автомобил „ауди“, за кое по извршените проверки е утврдено дека е извршено фалсификување на идентификациониот број на шасијата, односно пријавениот пред неколку дена во Италија откако од непознато лице го набавил возилото, со механичка обработка го отстранил оригиналниот фабрички број и на истото вметнал друг број, а потоа го управувал во сообраќајот се до 21.04.2013 година кога е откриен од страна на полициските службенции.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


