Студија спроведена во Одделот за анатомија на Универзитетот во Индијана, тврди дека положбата на клиторисот во однос на уринарниот тракт е клучна за доживување на задоволство. Колку што е клиторисот поблиску, толку задоволството ќе биде поголемо. Самата положба на клиторисот се одредува уште во време на бременоста, а која положба ќе ја има на крај зависи од одредени хормони на кои е изложен.
Ако оддалеченоста е помала од 2,5 сантиметри, жената во текот на вообичаениот сексуален однос најверојатно ќе доживее оргазам.
„Клучно е растојанието од 2,5 см. Ако оддалеченоста е поголема, можеме да претпоставиме дека жената нема да доживее оргазам”, вели научничката Лесли Хофман.
Положбата на клиторисот може да ја одреди секоја жена самостојно или со помош на партнерот. Лесли Хофман додава дека преостанатите фактори, како што е големината на пенисот, умешноста на мажот или привлечноста на партнерот, можат да имаат некое влијание, но клучна улога има анатомијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.