| четврток, 6 декември 2018 |

Зошто Рада заврши на психијатар?

rada

Популарната пејачка Радмила Манојловиќ откри со какви проблеми се соочувала во досегашната кариера.

Триесетгодишната пејачка моментно е членка на жирито на „Ѕвездите на Пинк“ и одлично се снајде во таа улога иако само го менува Харис Џиновиќ.

Рада вели дека иако се зборувало дека посетувала психијатар, тоа не е сосема точно.

-Тоа е малку преувеличено, бидејќи не сум одела кај психијатар, но и да сум, не би имала проблем, тоа да го кажам. Кај нас најголем срам е да се оди на гинеколог и психијатар, но јас не се сложувам со тоа- искрена е Рада.

Таа објаснила дека имала проблем.

-Се случи минатата година да останам без глас. Со недели одев на лекар, но установија дека немам ниеден здравствен проблем, дека гласните жици ми се идеални, а јас не можев да пејам. Почнав да одам кај професорот по пеење Борис Николиќ, кој има завршено и психологија на пеење и тој многу ми помогна- рекла Рада.

Таа со професорот разговарала за своето детство и односите во семејството.

-Многу брзо откри дека стравот е причина за мојот проблем, а со разговорот вежбавме пеење. После три месеци пеев како ништо да не било. Тогаш почнав да пијам и апчиња за смирување – рекла Рада.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top