| четврток, 6 декември 2018 |

Могерини: Турција е далеку од ЕУ

mogerini-turciq-e-dalech-ot-chlenstvo-v-es-371792

„Турција е уште далеку од членство во Европската унија”, изјави високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини пред француската радиостаница „Франс-ентер“, одговарајќи на прашање за роковите за влез на Турција во Унијата.

Могерини потсети дека во моментов уште не е решено прашањето со безвизниот режим за турските граѓани во шенген зоната. Заедно со тоа Могерини е убедена дека преговорите меѓу Брисел и Анкара се корисни пред се за самата Турција.

-Убедена сум дека преговорите со Турција за влез во ЕУ се единствената можност да се помогне на оваа земја да се модернизира, запазувајќи ги фундаменталните права, вклучувајќи ја и слободата на говорот и медиумите, додаде министерот за надворешни работи на ЕУ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top