| четврток, 6 декември 2018 |

Петгодишно дете се бори за живот по пожар во Битола

пожарПетгодишно дете се бори за живот во битолската Клиника откако било тешко повредено во пожар кој избувнал во неговиот дом во Битола, информираше МВР. Лекарскиот тим се обидува да ја стабилизра состојбата на детото кое има тешки изгореници на рацете нозето и лицето за да може да биде транспортирано во скопскиот Ургентен центар.

Од локалната полиција соопштија дека пожарот избувнал околу 16 часот во семејна куќа која се наоѓа на улицата Мукос. Од огнот и чадот повредени биле наговата мајка Б.Ј. (32) и неговото двегодишно братче, но тие се надвор од животна опаснот.

Засега не се познати причините поради кои избувнал пожарот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top