Момчето со шармантна насмевка кое сите го знаеме од пакувањето на Киндер чоколадите, дури минатата година го откри својот „чоколаден ангажман“ на социјалните мрежи.
Иако со години се веруваше дека момчето на пакувањето од, за многу деца омилената чоколада, е комбинација на компјутерска анимација и цртеж, минатата година дознавме дека всушност станува збор за Џош Бејтсон, поранешен детски модел од Велика Британија.
На познатата слика Џејсон имал 11 години, а во моментов тој има 21 година и живее во Лондон, каде што студира меѓународни односи и работи како модел.
Тој е многу популарен на Инстаграм, каде што има речиси сто илјади следбеници со кои споделува селфија и фотографии од патувања.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.