„Учество во толпа што ќе изврши кривично дело“, е делото за кое се сомничат денеска приведените лица кои беа предадени на ОЈО Скопје. Како што информираат од МВР станува збор за дополнување на кривичната пријава со која на 14 април годинава беа опфатени други две лица.
Од МВР велат дека по дополнително прегледување на видео запис, утврдено е дека лицата З. С. (39) од Битола, а со место на живеење во Скопје и В. К. (39) од Скопје учествувале во толпата која го демолирала објектот на Народната Канцеларија на Претседателот на РМ.
На 22.04.2016 година, од страна на полициски службеници од Единицата за насилен криминал лицата биле повикани на службен разговор, но поради тоа што не се пронајдени доставени им биле дополнителни покани и на 25.04.2016 година З. С. и В. К. се јавиле на службен разговор во просториите на полициската станица од општа наделжност Кисела Вода, по што по консултација со Дежурен Јавен Обвинител биле лишени од слобода и по брза постапка предадени до Основното Јавно Обвинителство.
– Имено, утврдено е дека З.С. кривичното дело го извршил на тој начин што влегол во демолираната канцеларија заедно со дел од толпата, запалил фотографија од претседателот Ѓорѓе Иванов и фрлал со предмет кон Народната Канцеларија на Претседателот, додека В. К. кривичното дело го извршил на тој начин што, додека истиот се наоѓал во внатрешниот дел од Народната Канцеларија на Претседателот, преку искршениот прозор исфрлал неколку канцелариски столчиња на тротоарот, пишува во соопштението од МВР.
Припадници на единицата за насилен криминал, со Писмено известување до надлежното ОЈО Скопје ги предале З. С. и В. К. поради постоење основи на сомневање за сторено кривично дело „Учество во толпа што ќе изврши кривично дело“ предвидено и казниво по член 385 од КЗ на РМ.
Инаку, на 14 април, СВР Скопје – Единица за насилен криминал, со кривична пријава до надлежното ОЈО Скопје ги предаде Н. А. (30) и Ф. Н. (30) двајцата од Скопје, поради основи на сомневање дека истите сториле кривично дело „Учество во толпа што ќе изврши кривично дело“ предвидено и казниво по член 385 од КЗ на РМ, извршено на 13.04.2016 год., за време на одржување на ненајавен протестен собир на кој присуствувале околу 2000 граѓани, на тој начин што учествувале во толпа со заедничко дејствување, со фрлање на тврди предмети, удирање и кршење на инвентарот, како и други дејствија насочени кон оштетување на надворешниот и внатрешниот дел на објектот на Народната Канцеларија на Претседателот на РМ, при што била предизвикана материјална штета.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
МВР потврди: Лице од битолско виновен за оштетените камења на македонско-грчката граница
-
Продолжија протестите ширум Бугарија, блокирани патишта и гранични премини
-
МВР: Добивме потврда од унгарското министерство дека Никола Груевски е во Унгарија и дека побарал азил
-
Кривична пријава за загрозување на сигурноста и ширење ксенофобичен материјал на социјални мрежи