Често слушаме дека обликот на машкиот полов орган е клучен за женскиот оргазам. Но, едно ново истражување тврди дека за оргазмот е клучен обликот на вагината.
Студијата е работена на одделот за анатомија на Универзитетот „Индијана“ тврди дека оргазмот зависи од положбата на клиторисот во однос на уринарниот тракт. Колку е клиторисот побрз, уживањето ќе биде поголемо.
Самата положба на клиторисот се одредува уште за време на бременоста, а која положба на крај ќе ја има зависи од хормоните на кои е изложен.
Ако е одалеченоста помала од 2,5 сантиметри, жената за време на вообичаениот сексуален однос најверојатно ќе доживее оргазам.
– Клучен е тој број, 2,5. Ако одалеченоста е поголема, може да претпоставиме дека жената нема да доживее оргазам – изјави научничката Лесли Хофман.
Положбата на клиторисот секоја жена може да го одреди сама или со помош на партнерот.
Хофман додава дека останатите фактори, како што е големината на пенисот, умешноста на мажот или привлечноста на парнерот може да има некое влијане, но анатомијата е клучна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.