| четврток, 6 декември 2018 |

Нов кандидат во “борбата“ кој ќе го купи Милан

Кинеската група на инвеститори предводена од Роберт Ли беше најчесто споменувана за купување на одреден дел на акциите на Милан, но и принцот Танку Исмаил има голема желба да поседува дел од акциите на „росонерите“.

berluskoni-i-galijani-615x400

Малезискиот принц Тунку Исмаил Ибрахим се приклучува во борбата за купување на италијанскиот гигант Милан

-Јас ќе го купам Милан. Во текот на наредниот период ќе разговарам со челниците на клубот, и ќе видиме што ќе се случи во иднина. Го сакам Милан, и отсекогаш сум бил љубител на италијанскиот фудбал. Фудбалскиот клуб Јохор Дарул Тазим е во мојот фокус, но од европските гиганти го посакувам Милан“ – изјави малезискиот принц.

Неговиот план е да започне со купување на мал дел на акциите на Милан, оставајќи го Силвио Берлускони да раководи со клубот, и со текот на времето неговите финансии во клубот да се зголемат, и на крајот Тунку Исмаил Ибрахим да ја има целосната сопственост на италијанскиот гигант.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top