Унгарскиот премиер Виктор Орбан нагласи во говор во Парламентот дека со унгарскиот Устав е забранета исламизација, бидејќи целта на документот е да се зачува унгарскиот јазик и култура.
Тој рече дека Уставот ја задолжува Владата да се спротистави на кој било вид масовна миграција поради која би биле загрозени тие принципи. Говорот на Орбан беше по повод 5-годишнината од новиот Устав на Унгарија.
– И да бидам разбран јасно и недвосмислено, исламизацијата е забранета со Уставот на Унгарија, нагласи тој.
Унгарија подигна ограда ја јужните граници за да спречи преминување низ нејзина територија на мигранти чија крајна дестинација беа други европски држави. Пред да биде подигната оградата во 2015 година низ државата преминаа речиси 400 илјади мигранти на пат кон побогати држави од Западна Европа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски
-
Орбан: Сорос е впуштен во прогонот против Груевски, а тој е мој соработник!
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
Кабинет на Орбан: Не можеме да коментираме барања за азил