| четврток, 6 декември 2018 |

Во Тетово кај Зеница: Избегната голема трагедија, се урна таван во училница

Избегната е голема трагедија откако утрово паднал дел од таван во училница во основото училиште „Хасан Кикиќ“ во местото Тетово, бо близина на Зеница, Босна и Херцеговина.

За среќа, немало ученици во училницата бидејќи тие се на пролетен распуст кој е во тек, пишуваат медиумите во таа земја.

– Ова утринава се случило во едно основно училиште и е опмена за сите нас вакво нешто да не се случи во ниту едно училиште во БиХ. Ако има закана за вакви или слични работи, веднаш реагирајте кај директорот во училиштето додека не биде доцна – напишал на својот профил на „фејсбук“ Селведин Шатровиќ, претседател на Синдикатот на образованието на БиХ.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top