| четврток, 6 декември 2018 |

Се урнал таванот врз штотуку оперирани пациенти во болницата во Ниш

081000x0ytj56u56u56u565

„Се слушна многу силен звук и се крена прашина. Се беше хаос околу нас, навистина се исплашивме“, раскажуваат преплашените пациенти од Одделот за хирургија на Клиниката во Ниш. Во собата за интензивна нега врз штотуку оперираните пациенти се срушил таванот.

– Преплашени сфативме дека ни падна таванот. Се допиравме да видиме дали сме добро, да не имаме некаква повреда. Куп малтер падна пред нашите кревети, а ние сме немоќни дури и да се заштитиме. Се исплашивме, но за среќа не сме повредени. Среќни сме што извлековме жива глава, раскажуваат пациентите од Клиничкиот центар во Ниш.

Роднина на еден од пациентите за „Ало“ вели дека како збрлавен возел кога дознал што се случило. По стресот со операцијата што го доживеало семејството, уште ова им фалело.

– Дотрчав на вториот кат и затекнав сцена како од филм, хорор сцена. Жена која дошла да си го посети синот вели дека парче ја удрило по раката. Сите викаа во паника, вели роднината на пациентот.

Тој додава дека неговиот роднина имаш тешка операција и длабока рана. Прво почнала да тече вода од плафонот, па по десетина минути тој се урнал. За среќа, пациентите веднаш биле изнесени од собата.

Директорот на Клиниката потврдува дека паднал плафонот во соба во која лежеле тројца пациенти.

Засега не се знае што ја предизвикало несреќата, но се работи на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top