| четврток, 6 декември 2018 |

Тимот на „Крашкомерц“ со најполица за 2013 година

Четиринаесет тимови од по тројца вработени со сопствен супервизор од: Макпрогрес, Колид С, Пекабеско, Рептил, Каприлат, Атлантик група, Даути комерц, Унивел, Нимекс, Офис плус, Алфи би компани, Жито маркети, Лакшми и Крашкомерц се пријавените компании кои се бореа за титулата најдобри комерцијалисти во Македонија за 2013 година.

За најуспешни беа прогласени од „Крашкомерц“, кои на ограничена полица редеа производи за грицкање.

NAJMerchandiser tim - Krashkomerc Skopje

Организатор на првиот избор за најдобри комерцијалисти во Македонија за 2013 година е „Трипл ес груп“.

Визуелната комуникација преку комерцијализацијата, всушност, е прикажување производ во продавниците од страна на производителите или дистрибутерите, на начин кој ќе ги мотивира купувачите да го купат нивниот производ. Но, како што купувачите низ годините стануваат сѐ поедуцирани за производите, така нивните производители на паметен и иновативен начин се борат со конкуренцијата како да стигнат до добра, видлива, но ограничена позиција на гондолите во маркетите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top