| четврток, 6 декември 2018 |

Колкаво е богатството на Фидел Кастро?

0660037001431330892_472228_600x458

Кубанците добиваат плати помеѓу 20 и 30 долари, но колкаво е денес богатството на Фидел Кастро, долгогодишниот кубански претседател кој за неколку месеци ќе наполни 90 години.

За да дознаеме колку точно пари има денес Фидел Кастро, ќе се потсетиме на информациите од последните речиси 20 години.

Во 1997 година, списанието. „Форбс“ објави дека богатството на Кастро се проценува на 150 милиони долари. Шест години подоцна тој беше на листата милијардери на планетата со точно 1 милијарда долари. Во 2005 година „Форбс“  објави дека Кастро поседува 900 милиони долари. Кубанскиот претседател дефинитивно не е задоволен од оваа информација, бидејќи се закани со тужба против списанието.

Малку подоцна Кастро држи четири часовен говор на телевизија, во која вели: „Ако можете да докажете дека имам банкарска сметка во странска банка со 900 милиони долари или 1 милион долари или 500 000 долари или 100 000 долари или 1 долар, ќе поднесам оставка.“

8061916-12559953

Денес според податоците на celebritynetworth, богатството на Кастро се проценува на најмалку 900 милиони долари, додека Раул Кастро, кој во моментов ја извршува функцијата претседател на Куба е со 100 милиони долари.

Очигледно е дека тешко може да се процени колкаво е точно богатсатвото на Фидел Кастро.

Во последните години многу кубански бизнисмени споделиле дека Кастро контролира многу бизниси, чија проценка е барем 500 милиони долари. Заедно со сметките во странство, кои Фидел Кастро ги поседува главно во Швајцарија, како и недвижностите во земјата, чија цена се очекува да се зголеми во наредните години, може да се претпостави дека Кастро поседува милијарди.

Или поточно, теоретски можно е неговото богатство да изнесува околу 7 милијарди долари.

Најверојатно тој нема да се согласи со овој факт.

Castro(1)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top