| четврток, 6 декември 2018 |

Концерт на „Трио џентлмен“ во КИЦ Скопје

Во Културно-Информативниот Ценар во Скопје, во салон 19:19, во вторник, 26 април со почеток во 20 часот ќе се одржи Интимна вечер со „Трио џентлмен“, составено од тројца оперски пејачи… Ќе настапат Дејан Стоев – тенор, Кристијан Антовски – баритон и Дарко Нешовски – тенор, а водител на вечерта ќе биде Сузана Турунџиева.

На репертоарот на „Трио Џентлмен“, кое функционира по урнекот на светските поп-класични состави, се наоѓаат најголемите светски поп хитови изведени во поп-класичен манир.

Публиката ќе може да чуе наполитански канцони, шпански песни, руски романси како и македонско творештво.

„Трио џентлмен“ постојат веќе една година, а за тоа време настапувале низ цела Македонија, но и надвор од земјата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top