| четврток, 6 декември 2018 |

Надал ја освои Барселона и израмни рекорд по освоени титули на земја

nadal-atp-barcelona-2016

Рафаел Надал го освои АТП турнирот од серијата 500 што се одржа во Барселона, откако вечерва во финалето го совлада Кеи Нишикори од Јапонија со 2-0, по сетови 6-4 и 7-5.

За Надал ова беше девети трофеј во каталонскиот град и вкупно 49-ти на земјена подлога, со што го израмни рекордот со аргентинскиот тенисер Гилермо Вилас по бројот на освоени трофеи на оваа подлога.

Јапонецот Нишикори, од друга страна, не успеа да ја одбрани титулата во своето трето финале по ред во Барселона.

Шпанецот во првиот сет поведе со 3-1 во гемови, но Нишикори брзо се врати и израмни на 3-3. Но, Надал успеа до крајот да направи уште еден брејк што се покажа доволен за предност од 1-0 во сетови.

Во вториот сет се водеше уште пожестока борба, имаше дури пет брејкови, а Надал имаше еден повеќе за конечни 2-0 во сетови и освојување на турнирот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top