| четврток, 6 декември 2018 |

Осквернавени спомен обележјата на Прличев, Питу Гули, Чакаларов (ФОТО)

Протестите во организација на СДСМ и невладините на Сорос продолжија со инциденти, насилство и уништувањата на објектите низ Скопје. Хулиганите имаа нова мета за сквернавење – „бомбардирани“ со боја беа лавовите на мостот „Гоце Делчев“, како и релјефите и спомен обележјата кои се наоѓаат на постаментите.
skvernavenje-lav2

Хулиганите вчера удрија по релјефите на кои има мотиви од ајдутството и комитството. Уништени се релјефите на Сирма Војвода, Дедо Иљо Малешевски и Димитар Поп-Георгиев Беровски со четите, заклетвата на ВМРО, Питу Гули со четата, Васил Чакаларов, Пандо Кљашев со соборците, Партенија Зографски и Григор Прличев.

skvernavenje-lav-spomenik1

Вчерашното сквернавење е само уште едно во низата на протестантите на СДСМ и Сорос.

skvernavenje-lav

Во хулиганството, нападот на полицијата, кршењето на прозорците и уништувањето на спомениците и разните државни и приватни објекти, крадење, палење и уништување на инвентарот во Народната канцеларија на Претседателот на Република Македонија, сквернавењето на Порта Македонија, фрлањето боја и прашок за перење во фонтаната на Александар Македонски, „бомбардирање“ со боја на зградите на Министерството за култура, Владата на Република Македонија, Агенцијата за медиуми и др, на протестите организирани од невладините на Сорос и СДСМ, учествуваат високи фукционери и членови на СДСМ.

skvernavenje-lav-spomenik3

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top