| четврток, 6 декември 2018 |

Министерство за култура: Спомениците или ќе ги рушиме, или ќе ги дислоцираме

“Најголем дел од спомениците од проектот “Скопје 2014″ ги поставија Град Скопје и Општина Центар, а не Министерството за култура, затоа надлежните ќе донесат одлука што ќе се случува со спорните споменици, дали тие ќе се рушат, дислоцираат или ќе има други решенија”, велат за Вечер од Министерството за култура.

одаваат дека сепак ништо нема да се случува преку ноќ и на сила…Од градбите спорен е и Музејот на македонската револуционерна борба, попознат како Музеј на ВМРО, бидејќи не е изграден според стандардите на музеологија и сметаме дека треба да се деидеологизира и да даде една објективна историска слика…”, велат од Министерството

“Под Министерството за култура е само новиот споменик на Мајка Тереза во центарот за кој сметаме дека е претенциозен и не го отсликува она што го пропагираше Мајка Тереза, а тоа е скромност. Од градбите спорен е и Музејот на македонската револуционерна борба, попознат како Музеј на ВМРО, бидејќи не е изграден според стандардите на музеологија и сметаме дека треба да се деидеологизира и да даде една објективна историска слика…”, велат од Министерството за култура. Оттаму додаваат дека најголем дел од спомениците од проектот “Скопје 2014” ги поставија Град Скопје и Општина Центар, а не Министерството за култура и затоа надлежните институции ќе донесат одлука што ќе се случува со спорните споменици, дали тие ќе се рушат, дислоцираат или ќе има други решенија.

“Ревизијата на проектот “Скопје 2014″ не е завршена, но кога ќе ги добиеме препораките тие јавно ќе бидат објавени. Во секој случај ништо нема да се случува преку ноќ и на сила, а јавноста ќе биде навремено известена за се што ќе биде преземено. Не е само да се руши, ќе биде дадена проценка и ќе има конкретни чекори според законските процедури. Целта е да се стави ред, поточно да нема узурпација и проблематична историска визија која не соодветствува со реалноста”, посочуваат од Министерството за култура.

Според Мирослав Грчев, координатор на работното тело за ревизија на проектот “Скопје 2014#, до Министерството за култура веќе се доставени препораките за споменикот на Ќосето и за Мајка Тереза, а во моментот на увид е документацијата за “Воин на коњ”. Меѓу спорните се споменуваат и споменикот на “Филип Македонски” и “Порта Македонија”.

“Работното тело дава само препораки, а одлуките ги донесуваат извршните органи. Отчетноста, пак, поточно она што стои во препораките може да го каже само надлежното министерство. Моето лично мислење е дека сите споменици и градби направени спротивно на Законот и Уставот треба да бидат отстранети, бидејќи со нивното градење му е одземена надлежноста на Собранието. Овдека не се работи за неправилности, туку за тешки нарушувања на важечките закони и затоа ние треба да укажеме, а надлежните институции да си ги спроведат надлежностите според законот”, изјави за Вечер Мирослав Грчев, според кој најголем дел од спомениците од проектот “Скопје 2014”, или речиси 90 отсто, се дивоградби.

Инаку, првиот спорен споменик за кој препораката е да се отстрани, е оној на Андон Јанев-Ќосето за кој е утврдено дека е дивоградба, сместена на узурпирано земјиште.

Препораките на експертите ќе бидат доставени до Владата, а реализацијата потоа ќе ја спроведат надлежните институции.

Од страна на Владата беше донесена и одлуката да се одземат деловните простории на Здружението за духовно обединување на Сетинци-Попадинци и Крушоради од Лерин. ова здружение познато по тоа што пред неколку години донираше огромни суми пари за споменици од “Скопје 2014” меѓу кои и на Андон Ќосето.

Од Министерството за култура посочуваат дека се работи за постапка која ќе потрае и дека нема конктретни рокови за спроведување на препораките, што пак, ќе зависи од одлуките на надлежните институции.

И од Општина Центар посочија дека е неопходна детална и функционална ревизија за проектот, за што и од нивна страна ќе биде формирана посебна комисија.

“Надлежните инспекциски служби на Општината ќе излезат на терен и ќе извршат детална контрола за тоа како се спроведени урбанистичките планови. Се што е поставено спротивно на законите ќе биде отстрането#, истакна во интервуто за Вечер градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ.

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, од новиот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов очекува и бара од него, без исклучок, да бидат завршени сите проекти за кои се обезбедени средства, и кои се градат за потребите на граѓаните и за функционирање на градот Скопје, како и оние кои ги ветуваше во предизборието, изјави Ирена Мишева од ВМРО-ДПМНЕ.

– Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ решително ќе се спротивстави на било какви обиди и заговарање на рушење на веќе изградени објекти и објектите од културното и историско значење на Македонскиот народ и на државата Република Македонија, изјави вчера Мишева.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top