| четврток, 6 декември 2018 |

Трајановски: И ние сме биле опозиција, власта се добива во Собранието, не со блокирање на државата

sarena revolucija

Со блокирање на државата, на градот Скопје не се доаѓа на власт. Тие се против улиците, се што се изгради, булеварите, парковите, јас не знам на ваков начин да се дојде на власт. Си има избори, ВМРО-ДПМНЕ ниту со насилство, ниту со меѓународна заедница не дојде на власт. Вака на сила, присилно, ѝ се прави лошо на Република Македонија. Некој самиот ќе има вина на совеста за ова што се прави, смета градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски коментирајќи го насилното однесување и сквернавењето на спомениците и институциите.

koce-trajanovski

-Јас не го оправдувам тој начин на дивеење низ градот Скопје. И јас сум бил во парламентот од ’98  до 2002, од 2002 до 2005, имало закони кои биле многу чувствителни за Република Македонија каде ние како опозиција и по три дена сме расправале на седница на парламентот, демократски, парламентарно. Никогаш не сме се осмелиле да го нападнеме претседателот на Собранието, ниту да го спречиме Собранието да го донесе тој закон со физички напад, вели Трајановски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top