| четврток, 6 декември 2018 |

Како да живеете со многу картички а без главоболки

kreditni karticki

Прв потфат на многумина, кои имаат можност за користење на кредитни картички е всушност нивното што поскоро отворање. За жал многу од нив се млади и без искуство за планирање на своите финансии и управувањето со финансиите.

Тоа може да доведе до многу проблеми и лоша финансиска ситуација. Но, отворањето кредитна картичка не мора да биде катастрофално, доколку знаете како правилно да ги користите.

Еве неколку грешки кои треба да ги избегнувате:

Доцнење со уплата

Кога ја вадите картичката, банкарот најчесто ви го кажува датумот кога доспеваат вашите обврски за плаќање. Тој датум никако не го заборавајте. Повеќето ви овозможуваат грејс период од неколку дена, но кога ќе истечат вие ќе бидете пријавени како должник, а тоа влијае на вашиот кредитен резултат.

Минимална уплата

Секој месец постои износ кој е обврзан за плаќање. Во ваш интерес е да уплатите повеќе од минималната уплата. Таа обезбедува правилна уплата на месечните обврски, а кога би уплатувале повеќе од минимум секој месец, би го скратиле времето на отплата на долгот, а со тоа и би плаќале помала камата.

kreditni karticki 3

Зголемување на лимитот на картичката

Ова значи дека сте презадолжени и не можете да ги исполните своите обврски на време. Повеќето корисници нерационално трошат и со тоа создаваат долгови, кои не можат да ги подмират. Водењето евиденција за задолжувањето, ќе ви помогне да избегнете обврска за плаќање на повеќе рати во ист месец. Со земање дополнителен износ, само ја зголемувате својата задолженост.

Избегнување на плаќање

Ако сте се задолжиле премногу и не можете да ги платите трошоците, или знаете дека ќе закасните известете ја банката. Би можеле да ви помогнат да го најдете вистинското решение, да излезете од таа ситуација.

Затворање на старите картички

Можеби сте ја отвориле првата кредитна картичка на 18 години, а веќе имате 28 и добар кредитен резултат. Не ја користите често и решавате да ја затворите. Тоа можеби е погрешно, доколку истата таа кредитна картичка има подобри услови и пониски трошоци, отколку нова.

Кредитните картички се нашиот прв допир со некој вид на кредит. Важно е да знаете како најдобро да ги користите, бидејќи вашето однесување, може да влијае на вашата финансиска иднина. Користете ги кредитните картички мудро и тоа ќе ви помогне да ги исполните своите финансиски цели.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top