
Во прилепското село Лениште денеска беше одбележан јубилејот 15 години од формирањето на единицата за брза интервенција Лавови.

На настанот, на кој присуствувале градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески и Јохан Тарчуловски припадниците на поранешната единица за брза интервенција лавови се потсетија на херојските подвизи на припадниците на оваа единица.

Но, како што пишува порталот Журнал.нет. дваесетина автомобили со поранешни припадници на „Лавови“си заминале од местото на настанот, откако пристигнал техничкиот министер Оливер Спасовски.
Според пишувањата на порталот, припадниците на единицата негодувале и со свирежи му порачале: „Оди во Куманово, сликај се во Диво Насеље!„ Што бараш тука, оди со УЧК“. По навредите, непожелен, Спасовски и неговото обезбедување си заминале.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


