| четврток, 6 декември 2018 |

УЕФА од улични препродавачи заплени карти за ЕВРО 2016, ќе ги продава во вторник

evro 2016

На нешто помалку од два месеци пред почетокот на ЕП во Франција, УЕФА одлучи во вторник во 12 часот во продажба да ги пушти преостанатите билети.

Заинтересираните ќе може билетите да ги купуваат исклучиво преку УЕФА системот, а продажбата ќе биде по принципот кој се пријави најбрзо. Токму поради тоа, УЕФА соопшти дека продажбата нема да трае долго.

УЕФА објаснува дека овој блок билети е обезбеден откако не се подигнати од навивачите кои претходно ги резервирале, а дел се запленети од УЕФА, односно одземени од првичните купувачи поради кршење на прописи и правила за купување на билети, пред се поради препродажба на црниот пазар.

Билетите ќе може да се купат преку интернет страницата (www.euro2016.com), каде ќе биде видливо кои билети се останати, за кој натпревар и од која категорија, а кој сака на ЕП ќе мора да купува со Мастеркард или Виза каричка. Исто така, соопштено е дека билети ќе може да купат за поединци, а не компании и правни субјекти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top